Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
Записникот од вонредниот надзор на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) во ОУ „7 Март“ во тетовски Челопек денеска до 15 часот не беше готов, иако така беше најавено вчера кога беше направен надзорот.
Инспектори го посетија училиштето откако таму на 28 ноември беше организирана училишна приредба во која учествуваат ученици облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и со пушки во рацете.
-Уште не е готов записникот. Мислам дека денеска нема да биде готов. Во рок од три дена треба да биде готов записникот, беше одговорот на директорот на ДПИ, Шабан Алајбегу по телефонска порака.
Вчера директорот преку порака информираше дека ќе се постапи согласно закон и дека ќе има мерки, по завршување на надзорот.
До надзорот дојде откако за настанот реагираше и министерката за образование и наука Весна Јаневска, која оцени дека таквиот чин е законски казнив.
Ново на Сител
-
Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец
-
Мицкоски на средба со Кос: Подготвени сме да разговараме за се што е принципиелно и во полза на држава и граѓаните
-
Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме
-
Просветниот инспекторат сè уште работи на записник по извршениот вонреден надзор во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
-
Коцевски доставил предлог за поведување дисциплинска постапка против шефот на Вишото ЈО Скопје Мустафа Хајрулахи и уште еден јавен обвинител
-
Јун прогласи воена состојба во Јужна Кореја
-
Се шири блокадата на факултетите во Белград