Македонија
12. July 2023 - 9:12

Пронајдено исчезнатото 15 годишно девојче од прилепско

Пронајдено е 15 годишнато девојче од селото Пешталево прилепско кое доцна синоќа е пријавено дека е исчезнато.

Полициски извори велат дека девојчето е со своите родители.

Драмата почнала синоќа кога роднините на девојчето на социјалните мрежи почнаа да пишуваат статуси со барање за помош во нејзино пронаоѓање.