Македонија
7. August 2024 - 16:34

И дронови прелетуваат низ шумските појаси, активни се шест пожари

И дење, и ноќе. полициски дронови веќе прелетуваат околу огнените стихии низ шумските појаси. Ги мониторираат пожарите, ама со нив ќе се детектираат и пироманите.

Со воведувањето на овие оперативни мерки се очекува не само да се зголеми ефикасноста во делот на раното предупредување и лоцирање на евентуалните пожари, туку и детектирање на можните причини или причинители, велат од полицијата.

Иако на почетокот на сезоната на пожарите, тешко им одеше на властите да ги фатат на дело подметнувачите на пожари, кои според информациите од службите најчесто се земјоделци кои ги палат стрништа, со акцијата ПОЖАР 2024 веќе неколку лица завршија зад решетки. За скоро три недели, колкушто трае акцијата, кривично, за предизвикување на општа опасност ќе одговараат шест лица. Согласно законот, ним им се заканува затворска казна од шест месеци, до пет години.

И денешниот пресек на пожарите е критичен. Во изминатото деноноќие избувнал 41 пожар на отворено. Од нив, изгаснати се 26. Во моментов, активни се шест, а девет се под контрола.

ВКУПНО ПОЖАРИ ВО ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА

ИЗГАСНАТИ

ПОЖАРИ

АКТИВНИ

ПОЖАРИ

ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА

41

26

6

9

 

Пожарот кај Македонски Брод со кракот кон Јасен беснеее втора недела под ред, а надлежните се уште не можат да го стават под контрола. Кај селото Брезница, дејствуваат унгарските сили кои се пробиваат низ тешко пристапните терени. Кај Брод прелетува и хеликоптер, но не е од голема  помош, оти според можностите фрлил вода само неколку пати.

Пожарот кај Илинска планина е критичен. Се гасне и од страна на Демир Хисар, но и од охридско. Најкритично од демирхисарска страна е над Базерник и Мало Илино кадешто огнот се доближува до букова шума, а охридските екипи информираат дека од нивна страна е проширен и на општина Дебарца. Над Илинска планина вода фрлаат 2 хеликоптери еден српски, еден полициски. Тешка машина прави засесоци на теренот.  

Критично денеска е и во Чашка, Петровец, Кочани и Студеничани.

Денеска пристигнува и нова помош од странство, преку ЕУ механизмот за заштита. Два кипарски ер трактори, ќе ги наполнат горивата во грчки Родос, а веќе од утре ќе интервенираат врз огнените стихии во светиниколко и Чашка.