Пронајдено e детето кое носеше дрес на Меси направен од кеса!
Детето од Ирак кое носеше дрес од Меси направен од пластична кеса е пронајдено откако по иницијатива на ѕвездата на Барса беше почната потрага по него.
Во изминатите недели хит на интернет беше една фотографија од дете од Ирак кое очигледно немало пари да купи дрес од својот јунак па го направило од пластична кеса.
Тимот на Меси кој работи за ѕвездата на Барселона на социјалните мрежи преку твитер повика да се најде детето со цел Аргентинецот да му подари оригинал дрес.
Курдскиот тв канал Курдистан24тв го пронајде момчето и откри дека сликата со кесата е сликана пред две години. Името на момчето е Хомид и живее во Дохук, Курдистан, што е дел од Ирак. Регион зафатен од воини во изминатите години.
Детето кое сега има дрес од Меси од Барселона, потврди дека е голем фан на Аргентинецот.
„Го сакам Меси, тој е фантастичен играч" - изјави Хомид кој потврди дека неговиот татко се бори против ИСИС, додека тој живее со својата мајка која е домаќинка.
Сега останува Меси да си го исполни ветувањето и да му прати оригинал дрес на младото момче.
Ново на Сител
-
400 милиони денари за Општина Штип од вториот повик за пари од унгарскиот кредит
-
Започнаа карневалските денови во Струмица
-
Недостигаат археолози и кустоси
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот