-->
-->
Пронајдените бегалци и мигранти во објектите под опсада во Атина, привремено пренесени во хотел
-->

Мигрантите и бегалците кои вчера, за време на акцијата на грчката полиција беа пронајдени во објекти под опсада во центарот на Атина, привремено се сместени в хотел, а подоцна ќе бидат распределени во прифатните центри, објавија грчките медиуми.
Станува збор за 143 лица кои од објектите првично беа пренесени во Дирекцијата за странци за проверка на нивните документи, а од нив оние кои имаат поднесено барање за азил беа сместени в хотел, jави дописничката на МИА од Атина.
Вкупно 10 мигранти и бегалци, според „Катимерини“, немале валидни документи и за нив ќе започне процес за протерување од Грција.
Останатите 133 кои чекаат одговор на нивните барања за азил се од Авганистан, Еритреја, Ирак, Иран, Турција, Камерун, Саудиска Арабија и Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
