Македонија
24. April 2018 - 16:16

Пронајдени коски од праисториски слон пред 8 милиони години кај Неготино

Катници, вилица и екстремитети од праисториски слон кој живеел пред 8 милиони години се пронајдени кај неготинското село Долни Дисан.. Според палеонтолозите на Природнонаучниот музеј, ова е прв случај во Европа и Азија да се откријат повеќе коски од ист род на едно место.. Ова го прави наодот уникатен  во светски размери и ќе помогне да се открие изгледот и начинот на живот на предокот на денешните слонови..

Досегашните истражувања укажуваат дека праисторискиот слон живеел на простор кој наликувал на денешните африкански савани..

Во откривањето на фосилните остатоци учествуваат и палеонтолози од Природонаучниот музеј во Бугарија..

Од Министерството за култура велат дека ова откритие ја сместува Македонија на Европската палеонтолошка мапа..

Пронајдените фосилни остатоци до крајот на неделава ќе бидат транспортирани во Природонаучниот музеј каде повторно ќе се состават сите делови а јавноста ќе може да ги види на крајот од годинава..