Пронајдени и спасени три лица чија едрилица се превртела во Охридското Езеро
Денеска (31.07.2023), постапувајќи по пријава дoбиена околу 17.45 часот во СВР Охрид дека во водите на Охридското Езеро, кај Дебрцка плажа, има превртен пловен објект, полициски службеници на Полициската станица за граничен надзор "Охридско Езеро" веднаш излегоа на терен, соопшти МВР.
- По преземени мерки и активности околу 18.00 часот пловниот објект е пронајден на два километри од брегот и утврдено е дека станува збор за превртена едрилица - катамаран на која имало три лица. Лицата на возраст од 53, 50 и 49 години, сите од Скопје, се пронајдени во непосредна близина, во добра здравствена состојба, без повреди, а според нивниот исказ причина за незгодата бил силен ветер, информира МВР.
Од страна на Езерската полиција, катамаранот е вратен во пловна состојба, а лицата се транспортирани на копно, до сместувачкиот објект.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица