Пронајдена поголема количина на оружје и куршуми во Ржаничино и Чифлик
Денеска Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, а врз основа на претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом и други простории во с.Ржаничино и с.Чифлик, скопско, кај С.Л.(57) и кај М.Л.(67), и двајцата од с.Чифлик.
При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65x39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција.
Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Макрон со порака дека доколку е потребно, протестите ќе бидат забранети
-

Бројот загинати во поплавите во Истанбул и Коџаели се зголеми на шест
-

Пад на цените на нафтата по одлуката на Трамп за Русија
-

Во протестите во Тирана повредени 16 полицајци, нападнато седиште на социјалистите
-

Реал ја победи Севилја, Мбапе постигна два гола
-

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија во најдобар ред, без ниту еден инцидент
-

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени
-

Брвеница ќе избира градоначалник во втор круг: Радичевски пред Јахиј во првиот
