-->
-->
Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер
-->
Денеска (11. 03. 2022) по наредба од судија на претходна постапка, полициски службеници од СВР Велес - Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, а по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, извршија претрес на куќа и помошни простории на Н.Ц. (28) од Велес.
При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот. Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога. Н.Ц. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.215 до ОЈО Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа
-
На министерката за енергетика и е прифатено барањето за откажување од бугарското државјанство
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера