Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
На 27.02.2025 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Б.П.(24) од Валандово, Р.Ј. (24) од Струмица и З.П. (34) од Струмица. При претрес на домот во Струмица, во кој престојувал Б.П., извршен со судска наредба, биле пронајдени кеси со бела прашкаста материја, кеса со марихуана и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Претходно, пред домот во кој престојува Б.П., заедно со Р.Ј. и З.П. биле затекнати при купопродажба на дрога. При преглед кај Р.Ј. била пронајдена марихуана, а З.П. побегнал од местото, но подоцна бил пронајден од страна на полициски службеници. Б.П., Р.Ј. и З.П. се задржани во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 28.02.2025 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.К.(35) од Струмица. При претрес на неговиот дом во Струмица, извршен со судска наредба, биле пронајдени полиетиленски пакувања и тегла со зелена растителна материја, семки и дигитална вага. Д.К. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28.02.2025 во Гевгелија полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Д.П.(27) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом во Гевгелија, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела грутчеста материја, растителна материја, дигитална вага и дробилка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Д.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа