Приведен 29-годишник од демиркаписко, се заканувал кон сопругата и го нападнал својот татко со тврд предмет

Приведен бил жител на демиркаписко село, обвинет за закани кон сопругата, напад врз неговиот татко и возење во алкохолизирана состојба.
-Полициски службеници од ОВР - Неготино лишиле од слобода 29-годишник од демиркаписко село. Претходно, во Полициската канцеларија Демир Капија било пријавено дека тој на социјална мрежа се заканувал на неговата 26-годишна сопруга, а потоа во домот се заканувал со остар предмет на неговиот 54-годишен татко и го нападнал со тврд предмет. По преземени мерки, на улица „Партизанска“ во Демир Капија, полициските службеници сопреле патничко возило „шкода“ со демиркаписки регистарски ознаки, што го управувал, при што било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта. Лицето било задржано во полициска станица, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи - Неготино и по решение од Основен суд - Неготино му биле изречени мерки отстранување од домот и забрана за приближување, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
По целосно документирање на настаните, како што додадоа од СВР - Велес, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп го предупреди Иран дека ќе биде „силно погоден“ со нови напади
-

Техеран: Американски напад врз инфраструктура остави 30 населени места без вода
-

Јовановски останува во притвор уште осум дена
-

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина
-

Саудиска Арабија и Пакистан разговараат за заедничка одбрана по иранските напади
-

Со хеликоптер на МВР спасена повредена италијанска државјанка од Шар Планина
-

Тужба против ОпенАИ вредна 10 милиони долари: ЧетГПТ глумел адвокат без лиценца
-

Образованието е фундамент на секоја земја, затоа младите се во фокусот на оваа Влада, вели Мицкоски
