Македонија
20. September 2020 - 16:17

Пронајден починат маж во тоалетот на Меѓународниот аеродром Скопје

На 19.09.2020 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.40 часот, во близина на тоалетите на Граничен премин Меѓународен aеродром Скопје, од обезбедувањето на аеродромот бил пронајден починат А.Х.(67) од Шведска. Од лекарбила констатирана смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.