Промоција на туристичките потенцијали на Македонија на саем во Москва
Атрактивните туристички потенцијали на Македонија со посебен акцент на религиозниот, културниот и винскиот туризам се промовираат на саемската манифестација за туризам „Mitt“ што се одржува во Москва.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која ја организира промоцијата на македонските потенцијали, информираат дека македонскиот штанд е посетен од новинари и тур оператори чиј фокус се балканските туристички тури.
Досега е остварена средба со претставници на Новинарскиот сојуз на Русија кои од страна на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, се поканети да ја посетат Македонија и да изработат промотивни материјали за медиумите во Русија.
Претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот остварија средби и со значајни руски тур оператори како Anex Тour, PAKS, PEGAS и Natalie Tours, коишто, покрај останатите балкански дестинации, пројавиле интерес за вклучување на Македонија во нивните туристички тури.
Саемот за туризам во Москва, кој трае од 14 до 16 март, има седум изложбени сали во кои туристичките дестинации ги претставуваат повеќе од 1.600 компании, странски тур оператори, асоцијации, медиуми и различни чинители во туризмот. Саемот го посетуваат над 27.659 посетители.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден