Македонија
20. September 2016 - 9:03

Промоција на романот „Претстава“ од Гоце Ристовски во Крива Паланка

„Пустина“, новиот роман од современиот македонски писател Гоце Ристовски денеска на пладне ќе биде промовиран во Градскиот музеј во Крива Паланка.

Третото романескно остварување на Гоце Ристовски, го објави издавачката куќа „ПНВ публикации“. Книгата ќе ја промовира публицистот Ставре Џиков, а извадоци од делото ќе чита актерот Владо Денчов.

Ристовски е автор и на две книги раскази, две антологии на македонската драма, една научна студија, четири монографии и повеќе преводи на литературни и историски дела од српски и бугарски јазик и еден драмски текст.