Промоција на првиот том од циклусот „Етногенеза и култура на древните Македонци”
Првиот том од циклусот „Етногенеза и култура на древните Македонци” од авторот Слободан Богоески ќе биде промовиран денеска во Скопје.
Книгата, како што соопшти авторот, е пишувана како учебник по праксикологија - наука за добрата научна работа. Направен е обид за реконструкција на далечното, заборавено минато на Македонците, почнувајќи од VI милениум п.н.е., преку антиката, средновековието па до денес.
Во неа се содржани дилеми и поделби на Македонците на антички и словенски, за историјата како најмоќно оружје со кое може да избришите цели народи, за заборавената писменост и македонската азбука 6000 години п.н.е., идентична со Кирилицата, кои сме ние, како и кога настанал етнонимот Македонија и Македонци.
Книгата, како што вели Богоески, е во седум поглавја. Во првото се пишува за Пелазгите, најстарите, предпотопски жители на Европа, Северна Африка, Мала Азија, Блискиот и Средниот Исток
Второто и третото поглавје посветени се на тројанската епоха, Хомеровата „Илијада” и македонските Бриги.
Четвртото поглавје е посветено на најстарите жители на Македонија, светилиштето на македонската државност - Едеса заедно со соседната Ајга, долината на македонските цареви.
Во петтото поглавје, авторот дава одговори на ненаучната хипотеза дека Македонците немаат пишувани извори за историјата, пред појавата на Словените на Балканот, па затоа не можат да претендираат на своја историја пред VI и VII век.
Седмото поглавје е посветено на географијата, лингвистичките оспервации, античките области во Македонија, зачуваните траги во топонимијата, хидронимијата и оронимијата.
Последниот прилог се антички карти, топографски карти, фотографии од Едеса, Ајга, Аргос Орестиски, Пела, Миеза, Ираклион, како и фотографии на свети камења и претстави од цркви и манастири во кои силно се изразени старите македонски верувања, соопшти авторот Богоески.
Ново на Сител
-
Претседателката на Судскиот совет Дамева реагира на обвинувањата за продолжување на мандатот
-
Индија тестираше балистичка ракета од нуклеарна подморница
-
Сиљановска Давкова – Милативиќ: Да се интензивира економската соработка
-
Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово
-
Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила
-
33-годишна жена нападната од својот сопруг и свекрвата
-
САД и Јапонија подготвуваат план за распоредување HIMARS на јапонските острови близу Тајван
-
Разбиена најголемата меѓународна пиратска мрежа: 22 милиони корисници и 250 милиони евра месечно