Промоција на книгата „Земна и небесна екстаза“ – светска љубовна поезија и сликарство
По повод Светскиот ден на уметноста во Музејот на Град Скопје денеска напладне ќе биде промовирана книгата „Земна и небесна екстаза“ – светска љубовна поезија и сликарство, додека вечерта во Мала станица ќе биде отворена изложба на дела специјално изработени за книгата „Земна и небесна екстаза“.
Книгата што ја подготвија Ефтим Клетников и Климе Коробар е антологиски избор на поезијата на Соломон, Лермонтов, Хајне, Блок, Верлен, Лорка, Кович, Ацо Шопов и Анте Поповски. За секоја песна одделно свои уметнички дела подготвија современите македонски уметници Васко Ташковски, Владимир Георѓиевски, Павле Кузманоски, Ниче Василев, Симон Шемов, Доне Милјановски, Решат Амети, Петар Попчев, Стефан Хаџиниколов, Новица Трајковски, Маријета Сидовски, Гоце Божурски, Симонида Филипова Китановска, Илија Спасовски – Чендо, Вук Митевски и Бернхард Холеман (Австрија).
Книгата е во издание на Асоцијацијата за ИКОН и Општина Центар – Скопје, а ќе ја промовира Ефтим Клетников.
Ново на Сител
-
Пукање во Волково - Кираџија го убил газдата, го ранил неговиот син па се самоубил
-
Позитивни вести од болниците
-
Сите училишта и градинки се безбедни, ќе се прават контроли и на сите станбени згради
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче