Промоција на издание на Уставот со Брајова азбука
Специјално издание на Уставот на РМ изработен со Брајова азбука денеска беше промовиран во Скопје како заеднички проект на Јавното претпријатие „Службен весник“ на Република Македонија и Средното училиште за лица со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Министерката за образование, Рената Дескоска на промоцијата ја поздрави идејата темелниот правен документ- Уставот на РМ да го направат достапен за сите.
- Една од идеите и реформите што ја најавивме во МОН беше дека сакаме да го јакнеме граѓанското образование, што значи познавање на своите права во рамки на училиштата и правење на достапност на познавањето на овие права до сите. Особено среќна ме прави овој чин, како професор по уставно право, затоа што со овој чин им се дава можност и на оние студенти кои се со оштететен вид полесно да ги совладуваат наставните птограми кои што постојат, рече Дескоска,
Директорот на ЈП Службен весник на РМ, Мартин Костовски изјави дека како претпријатие својата улога на посредник помеѓу државата и граѓаните на Република Македонија, во сферата на легислативата, настојува да ја исполни со висок степен на совесност, а секоја информација мора да биде автентична, точна и лесно достапна за сите.
- Тоа беше и повод да почнеме еден ваков проект, но искрено се надевам дека како општествено одговорна институција ќе имаме и мотив и доволно идеи да продолжиме со слични примери, истакна Костовски.
За директорот на Средното училиште, Горанчо Јакимов, ова е важен момент и одличен пример, што треба да го следат и другите институции, за еднаква пристапност кон сето она што не им е достапно на лицата со оштетен вид.
На промоцијата на ова издание на Уставот на РМ присуствуваа и претседателот на „Сојузот на слепи во РМ“, Жарко Селковски, како и претставници од институтот за дефектологија на УКИМ, од Одделението за слепи при НУ „Св. Климент Охридски“ и како донатори на специјалните табаци за Брајовата азбука од Универзитетот за Југоисточна Европа кои се и имплементатори на проектот на УСАИД за децата со пречки во видот.
Устав на РМ со Брајова азбука е издаден во 50 примероци и ќе го добијат повеќе институции меѓу кои Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, средните училишта каде има правна насока, Законодавно-правната комисија и Парламентарниот институт при македонското Собрание.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот