Македонија
16. May 2017 - 8:32

Промоција на документарно – научен филм за пештерата Слатински извор

„Хидрогеолошки карактеристики на изворската пештера Слатински извор“ е насловот на новиот документарно – научниот филм во продукција на УГД ТВ и Филмската академија којшто денеска ќе биде промовиран во Кампус 2 на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Автор на истражувањето и филмот е Билјана Гичевска, а содржи начини како да се истражуваат карстните предели и интердисплинарност во научните истражувања.

Предмет е изворската пештера, а во филмот ги има резултатите кои се добиени од научното истражување на Гичевска.