Променливо облачно, врнежи од дожд попладне и во текот на ноќта
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во западните делови од државата, каде што ќе наврнат и над 15 литри на квадратен метар. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 9 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со појава на магла или ниска облачност по котлините. Повремени врнежи од дожд, на планините од снег, ќе има во вторник.
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари