Променливо облачно време, попладне пороен дожд и грмежи
Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, претежно во планинските региони. Ќе дува умерен северен ветер.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура ќе се движи од 14 до 23, а дневната темпУратура од 24 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе достигне до 22, а дневната температура до 33 степени.
До петок ќе се задржи променливо облачно, на места, а особено на планините, со пороен дожд и грмежи. Поинтензивни и почести врнежи од дожд ќе има во четврток и петок. За време не викендот се очекува постабилно и се потопло време.
Ново на Сител
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната
-
Владата останува посветена на борбата против корупцијата
-
Македонија подготвува нов пакет помош за Украина
-
Ќе се шири истрагата за Грчец