Променливо облачно со максимална температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно и не многу студено време со сончеви периоди. Ќе има појава на утринска магла или ниска облачност по котлините каде што повремено ќе има и пониска дневна температура. Кон крајот на работната недела утринските температури ќе бидат за неколку степени пониски.
Ново на Сител
-

Приведен Артан Груби на Блаце
-

СДСМ: ДУИ го спасува Мицкоски, кој се смее додека приведуваат
-

Премиерот Мицкоски ја отвори Конститутивната седница на Советот за иновации
-

Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
