Рекорден број крводарувања во Штип, лани собрани над 5500 крвни единици
Рекорден број крводарувања регистрира Регионалниот центар за трансфузиона медицина при штипска Клиничка болница. Лани се собрани над 5500 крвни единици, што е најмноги во изминатите неколку години. Д-р Мери Шорова вели дека тенденција е оваа пракса да продолжи и во иднина.
- Фокусот во 2026 година ни е да ја зголемиме базата на редовни крводарители, но и на првокаратни крводарители со посебен акцент на младата популација. Потребна ни е поголема соработка со факултетите, со студентските организации, веројатно ни е потребан и поголема застапеност на социјалните мрежи. Апелирам до студентите да се вклучат не само како крводарители, туку и како мотиватори за крводарувањето како еден хуман чин, изјави д-р Мери Шорова, РЦ за Трансфузиона медицина, КБ- Штип.
Младите извидници од одредот „Еквинокс“ спроведоа хумана акција за крводарување.
- Ние извидниците сакаме да помогнеме на луѓето во градот, со тоа што секој човек може самостојно да му помогне на некој што му е потребна таа крв, изјави Миа Митрева, извиднички одред „Еквинокс“- Штип.
- Генерално ова е од големо значење за нас, даруваме крв за другите, можеби нечиј живот ќе биде спасен, изјави Виктор Павловски, извиднички одред „Еквинокс“- Штип.
Од големо значење за крводарителството е и интензивната соработска со Црвениот крст.
- Токму поради тоа имаме организирано и реализирано крводарителни акции во градот Штип, но и во регионот кој го оплсужуваме со крв и крвни компоненти, додаде д-р Шорова
Добар индикатор дека интересот расте е што само во месец јануари реализирани се 232 дарувања.
-

Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
