Променливо облачно, попладне локален дожд и снег на повисоките планини
Времето денеска ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал 2 до 8, а максималната од 10 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека од денеска претстои период на променливо облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни. Во сабота кога ќе настапи преодно стабилизирање.
-Во почетокот на идната седмица поради заладување, врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево
-
Жалби до Управниот суд за изборните приговори, прва средба на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди