Промените на Уставот денеска ќе излезат во Службен весник, Заев почна да го употребува новото име
Да живее Македонија, да живее Република Северна Македонија.
Првата прес конференција, ден по усвојување на уставните измени премиерот Заев ја заокружи со новото уставно име на државата.
Тонско граѓаните прво од премиерот на чујат...
Заев им се заблагодари на пратеницте кои како што вели вчера испишаа историја и отворија нови бели страници на идинината на државата. Граѓаните јасно се определија за НАТО и ЕУ, а премиерот смета дека пратениците само ја следеа нивната волја.
Тонски република северна македонија ќе биде горда членка на нато и еу како независна и самостојна држава....
Со предвремени избори Заев вели дека неговата партија ќе добие нови 4 години власт, но Македонија ќе изгуби повеќе од 6 месеци во реформскиот процес. Сепак ваквото барање кое доаѓа од опозиција ќе биде сериозно разгледано во следниот период.
Тонски опозицијата тоа што го бара миоли бога да не го добие, но барањето е сериозно и ќе биде отворено пред сите партиски органи...
Уставните измени кои ги усвои Собранието денеска ќе бидат објавени во Службен весник. Грција ќе биде првата земја која ќе го добие официјалниот допис со новото име. Откако во Атина ќе се ратификува договорот, Македонија ќе стане Република Северна Македонија и за тоа ќе ги извести сите останати држави.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар