Македонија
15. May 2016 - 15:43

Пролетна школа „Етнографија на социјализмот“ во Крива Паланка

Во организацијана Институтот за етнологија и антропологија при Филозофски факултет на УКИМ, во денеска во Крива Паланка се одржа првата пролетна школа за етнографија „Етнографија на социјализмот“.
 
Учествуваа студенти од пет земји, Грција, Чешка, Германија, Бугарија, Македонија.
 
- Ова е долгодишна идеја на Институтот за овозможување дополнителни часови за студентите за социјализмот од сегашна дистанца, уредувањето, животот и секојдневието на луѓето во социјализмот, рече Љупчо Ристески, професор на Институтот за етнологија и антропологија при Филозофски факултет во Скопје.
 
Истакна дека се планира школата да прерасне во традиционална и да се одржува во Крива Паланка

- Овој град овозможува псоебно доживување и видување и на сегашноста и на некои од минатите времиња, има специфична општествена и културна историја, се наоѓа на самата граница со Бугарија, град низ кој може да се следи општествена и економска историја на создавање на градот, на депопулацијата на селата во околината, процесот на индустријализација и на изчезнување на селанството, со создавање на пролетеријатот т.е. работничка класа за време на социјализмот, додаде Ристески.

Школата треба да се обезбеди платформа каде студентите ќе учат по релативно унифициран систем и ќе освојуваат кредити на своите факултети за усвоениете и изработени трудови, потврдувајќи ја мобилноста на студентите и разменната на знаења и искуства

На школата има 25 учесници и осум професори кои се менуваат. Дел е финансиран преку програмата Еразмус плус на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а партнер е Форумот за граѓански мир од Германија.

Според проф. Маргарита Карамихова,од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Велико Трново, Бугарија, важно е социјализмот да биде проследен и проучен зашто жителите на поранешните социјалистички земји имаат погрешен впечаток за него.
 
- Знаеме дека не беше црно и бело. Треба да ги стимулираме студентите да почнат да ја бојат таа карта на социјализмот за да го разберат времето во кое живеат. Социјалистичките страни беа различни, не сме биле исти. Татко ми носеше од Македонија чоколади кои кај нас ги немаше, како и облека, па за нас Македонија беше запад, иако е на југ, рече Карамихова и додаде дека сличните гледишта на нештата и на науката со колегите од Македонија се одлична основа за адаптирање и надополнуавње на наставните програми на универзитетите, за натамошна соработка, како и за продолжување на 20-годишното партнерство.