Македонија
22. May 2018 - 8:45

Пролетен базар на домашни ракотворби во црквата „Св.Спас“

Во црквата „Св. Спас“ на Кале денеска ќе биде отворен „Пролетен базар на домашни ракотворби 2018“ во организација на Град Скопје, Здружението на уметници ракотворци „Артикрафт“ и Конзерваторскиот центар Скопје. 

Базарот ќе биде отворен во 10.30 и ќе трае до четврток до 18 часот. На едно место ќе бидат претставени дела на креативните раце на занаетчиите и ракотворците изработени од најразлични материјали, а ќе има и занаетчиски презентации со различни содржини. 

Во рамки на базарот за утре е планирано да се формира мрежа на ракотворци на стари занаети на ниво на Македонија. Базарот ќе има и придружни активности, како модна ревија, музички и поетски настапи и занаетчиски работилници.