Македонија
26. January 2022 - 12:40

Производителите на ориз се закануваат со протести

Само 5000 тони или 1/5 од последната реколта на оризова арпа е откупена во преработувачките капацитети. 

Оризопроизводителите кои успеаја да најдат пласман до Нова Година ги следува по 3 денари за откупен килограм арпа, но тврдат дека само 15 % од средствата се исплатени, а оние пак кои продавале бел ориз не ги следува ништо. Сметаат дека повторно се измамени, поради што се заканија со масовни протести.

Редовните субвенции да бидат исплатени во рок од 15 дена. Откупот да се продолжи до 1-ви јуни, за да можат луѓето да го продадат и да бидат опфатени со мерката од 3 денари. Редовните субвенции да останат по 300о денари по единица посеан декар. Доколку ова не се постигне, ние ќе излеземе на патоти се додека нашите барања не бидат исполнети, нема да престанеме со протести, изјави Здравко Арсов, ИО за спас на оризопроиздоство.

Цените на пестицидите и ѓубривата се двојно зголемени. Нафтата постојано поскапува, а откупната цена стагнира или се намалува. Доколку под итно не се интервенира, оризот ќе биде нерентабилна култура.

Оризот ќе исчезне од полињата, како репката, афионот, сончогледот, значи нема да сее кај нас, а ние ќе станеме социјални случиа. Ние произведуваме храна, а страдаме за храна, додаде Арсов.

Околу 18 000 тони арпа стои по амбарите, а оризарите чекаат и на 31-ви јануари да се одмрзне откупната цена на оризот како прехрамбен продукт, што беше една од анти инфлаторните мерки на Владата.