Производителите ќе ја намалат цената на свинското месо
Управниот одбор на одгледувачи и производители на свинско месо и свињи донесе одлука цената на свинското месо да ја намали. Цената на свињите жива мера ќе се движи од 90 до 95 денари за килограм, соопшти денеска претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев.
- Кај нас постојат демократски односи, одлучивме самите членови на нашето здружение да имаат извесна флексибилност и слобода при формирањето на цените, во зависност од времетраењето на соработката, големината на порачките и од зависност на начинот и времетраењето на плаќњето да се движи цената на свињите од 90 до 95 денари. Сето ова го правиме за да докажиме дека ние сакаме да имаме цврсти и постојани односи со нашите партнери, вели Шаклев.
Тој истакна дека на овој начин ќе ги задоволат и потребите на потрошувачите со македонско свежо месо, со што ќе влијаат и на подобрување на стандардот на граѓаните.
- Со овие цени се уште ќе се движиме во границите на рентабилноста. Но, да речеме ова е скоро долна граница на рентабилност. Се надеваме дека ова ќе се задржи и се надеваме дека до Нова година до Божикните празници ќе има извесно мало покачување, не големо туку мало покачување на цената на свинското месо, за да може да ги покриеме загубите што ги правевме девет месеци, вели Шаклев.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје