Прогласување на победникот на климатскиот камп „Од тебе зависи“

Во Иновативниот центар на Телеком во Скопје денеска ќе биде прогласен победникот на годинашниот климатски камп „Од тебе зависи“.
Победникот од 9-те тимови кои што од 23-ти јуни се натпреваруваат на овој климатски предизик, ќе добие награда од 10.000 долари што ќе овозможи реализација на победничката идеја со цел да се помогне во борбата против климатските промени.
Кампот е поттикнат и организиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), во соработка со Шведската амбасада, Министерството за животна средина и просторно планирање, Милиеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.
Климатскиот предизвик „Од тебе зависи“ ги покани сите граѓани на Македонија да ги испратат своите иновативни предлози за справување со климатските промени и зголемување на урбаната отпорност.
Повеќе од 60 идеи беа испратени за натпреварот, од кои 10-те најдобри се најдоа во потесниот избор за понатамошен развој.
Победничкиот тим на денешното прогласување ќе ја образложи својата идеја пред јавноста за справување со климатските промени и зголемување на урбаната отпорност.
Ново на Сител
-

Грчките земјоделци одбија средба со Мицотакис и решија да ги интензивираат протестите
-

Катица Јанева на условна слобода од затворот Идризово
-

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
