Свет
28. January 2016 - 12:14

Прогласена тревога: Нови терористички закани во пет париски гимназии

Во пет париски гимназии повторно е прогласена тревога, откако изутринава се примени дојави со заканувачки содржини, јави дописникот на МИА од Париз.

Според информациите објавени во француските медиуми, дојавите содржеле закана дека напаѓачи „вооружени со калашникови и со бомби ќе отидат во пет париски гимназии за да предизвикаат максимален број на жртви“.

Раководставата на училиштата веднаш биле информирани за заканите по што е спроведена евакуација на учениците и вработените, а во исто време околу гимназиите се распоредени полициски сили.

Истрагата, сега е насочена кон утврдување на тоа од каде доаѓаат заканите.

Предходната дојава од пред неколку дена за поставени бомби во пет париски гимназии се покажаа како лажни.