Проевропските пратеници сакаат да ја задржат Велика Британија во единствениот пазар на ЕУ
Проевропските британски пратеници ја испитуваат можноста да го искористат мнозинството што го имаат во Долниот дом на британскиот Парламент, за да ја задржат Велика Британија во единствениот пазар на ЕУ, дури и во случај гласачите на претстојниот референдум да се определат за Брегзит, откриваат лондонските медиуми.
Пратениците стравуваат дека „пост-Брегзит“ Владата во Лондон може да преговара за ограничен договор за слободна трговија со Унијата, што според проевропските пратеници ќе претставува голема штета за британската економија.
Во сегашниот состав на Парламентот, постои големо мнозинство од 454 пртеници кои сакаат Велика Британија да остане во ЕУ, наспроти 147, кои заговараат напуштање на Унијата.
Присуството на единствениот пазар овозможува слободно движење на стоките и услугите, како и на луѓето, работаната сила и капиталот.
Медиумите тврдат дека про-ЕУ пратениците сакаат да ја искористат својата бројност и гласачката сила што ја имаат во Долниот дом за да ги заштитат, како што велат, економските предности од единствениот европски пазар, што би и овозможило на Велика Британија да остане на просторот каде има половина милијарда потрошувачи.
Останувањето на единствениот пазар, меѓутоа, ќе значи дека британските граници ќе мора да останат и натаму отворени за луѓето и за работната сила, како и да продолжат уплатите во европските фондови.
Станува збир за проект кој во деведестите години на 20-от век, британските конзервативци го означуваа како „менување на процесот од Мастрихт“ и го препорачуваа како сигурна брана од подлабоките интеграции во рамките на ЕУ, што тогаш беа навестувани.
Неименуван министер од владата во Лондон, за Би-Би-Си изјавил дека пратениците имаат „целосен легитимитет“ да покренат еден ваков процес и да ја задржат Велика Британија на единствениот европски пазар.
Ваквата можност се појавува во моменти кога активистите од кампањата за Брегзит се обвинети дека ја лажат британската јавност со податоци кои се неточни и невистинити и кога освен со плашање со мигрантите, антиевропските активисти не нудат никакво решение за тоа како ќе изгледаат идните трговски односи на Велика Британија со ЕУ.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола