Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата да ја посети Германија, потврди германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесе агенцијата ДПА.
- Тимовите ќе бараат соодветен датум, изјави Мерц за германската јавна телевизија АРД по неговата средба со Трамп во Белата куќа.
- Разговаравме за многу теми, а тој беше многу заинтересиран за Германија, својата татковина. Тоа навистина го допре, рече Мерц. - Го поканив да ја посети Германија. Тој ја прифати поканата, додаде канцеларот, опишувајќи ја атмосферата на разговорот како „навистина добра“.
Мерц му подари на Трамп копија од историскиот извод од матичната книга на родените на неговиот дедо Фридрих Трамп, кој е роден во Калштад, во западна Германија, во 1869 година. Подоцна емигрирал во САД и го променил името во Фредерик. Документот му беше врачен на Трамп во златна рамка при почетокот на средбата во Овалната соба.
- Денеска поставивме основа за многу добри лични, но и политички конструктивни разговори, изјави германскиот канцелар, додавајќи дека се враќа во Германија „со чувство дека добив некој со кого можам да комуницирам на многу лично ниво“.
Мерц нагласи дека тој и Трамп имаат многу заедничко, вклучително и професионалните кариери што ги поврзуваат политиката и бизнисот. - Тоа навистина ги зближува луѓето, рече тој.
Канцеларот додаде дека се враќа во Германија со чувство дека „можеме да се слушнеме во секое време и дека наскоро повторно ќе се видиме“.
Мерц ја спомена претстојната самитска средба на Г7 во Канада, по која ќе следи и самит на НАТО во Хаг, нагласувајќи дека и двајцата „ќе имаат неколку можности да разговараат во брза последователност“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот
-
Ѓорѓиевски: Спремен сум по изборите да го воскреснам Скопје и конечно да стане град за достоинствен живот
-
Мицкоски: Се разбира дека ќе нема данок за немажени и неженети, но ние тивко исчезнуваме и тоа поминува незабележано
-
Во Пониква заврши првата фаза од рехабилитацијата на повредените во дискотеката Пулс
-
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност
-
МВР: Лишени од слобода шест возачи за возење под дејство на алкохол
-
Руската ПВО соборила 120 украински дронови
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл