Проект за развивање култура за мир кај децата од најрана возраст
Учење на децата од најмала возраст за прифаќање, толеранција и почитување на различностите преку доближување на пристапите и стиловите на воспитување меѓу семејствата и градинките и заедничка грижа за развојот и воспитувањето на децата базирана на меѓусебна доверба, почитување и соработка, има за цел проектот „Развивање култура за мир“.
Во проектот се вклучени десет градинки и организирани повеќе обуки и воспитно образовни активности наменети за децата, родителите и воспитувачите. Изработена е брошура „Култура за мир“, која е плод на истражување за меѓусебната комуникација на релација семејство-дете-градина, со цел пораките од децата, родителите и вработените од градинката да инспирираат и поттикнат позитивни промени во активностите, однесувањето и меѓусебните односи.
Директорот на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Драги Змијанац на денешната промоција на брошурата „Култура за мир“, рече дека градинката е клучна за градење личности кои ќе го разбираат мирот, ќе ги прифаќаат сите поинакви од себе и ќе се вложуваат во заедништво и мултикултурализам.
- Градинката е клучен сегмент, затоа што не е едноставно да се работи со деца. Секој изречен збор значи одговорност на воспитувачот. Децата се вистински учители и можат да бидат коректори на воспитувачите и на родителите и ова е вистинска инвестиција, рече Змијанац.
Директорката на градинката “Детска радост” од Скопје Љиљана Крстевска, која е дел од проектот, рече дека со партнерство меѓу семејството и градниката заедно може многу да се придонесе за развојот на толернацијата, за одговорното родителство и за културата за мир, уште од најрана возраст кај децата.
Брошурата „Култура за мир“ ги идентификува моделите на однесување кои ги промовираат возрасните и има за цел да отвори и посочи одредени прашања и состојби за она што децата го слушаат во семејството, градинката и медиумите, како и зборувањето и однесувањето кои ги имитираат, учат, прифаќаат како свои вредности и однос за добро, убаво и прифатливо.
Проектот „Развивање култура за мир“ се спроведува од градинката „Детска радост“ од Скопје во рамки на проектот Партнерство за помирување преку ран детски развој и образование во Европа (ПРЕЦЕДЕ) кој во Македонија го спроведува Меѓаши и е финансиран од ЕУ.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o