Македонија
17. May 2020 - 18:11

Продолжување на работниот однос на административци, технички лица и стручни соработници во образованието

Владата донесе одлука да се овозможи продолжување на работниот однос на административните службеници, помошно-техничките лица и стручните соработници кои се вработиле во основните или средните училишта до денот на прогласување на вонредната состојба, без јавен оглас на определено време на работно место кое е испразнето поради пензионирање, боледување, отказ, смртен случај и преземање.

Владата ја донесе одлуката денеска на седница со измена и дополнување на уредбите со законска сила за примена на законите за основното и за средното образование и уредбата со законска сила за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта за време на вонредна состојба.