Продолжуваат разговорите меѓу партиите
Разговорите меѓу политичките партии треба да продолжат денеска откако вчера повторно не беше постигнат договор. Ова го изјави амбасадорот на САД Џес Бејли по завршувањето на средбата во Клубот на пратениците.
Разговорите за ингеренциите на министерот за внатрешни работи и за техничката влада која што ќе ги спроведува изборите вчера траеја два часа.
Пред почетокот на средбата изјави за медиумите дадоа Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ и Артан Груби од ДУИ.
Тодоров и Шекеринска ги повторија веќе изнесените ставови во врска со прашањата за ингеренциите на министерот за внатрешни работи, но не сакаа да соопштаат кои се новите идеи што произлегле на вчерашаната средба, според тврдењата на амбасадорот на САД Џес Бејли. Груби, пак, од ДУИ рече дека е оптимист оти разговорите може да завршат уште денеска или утре доколку македонските партии ги надминат разликите бидејќи тие биле минимални. Доколку се постигне договор сега, според него, избори би можеле да се одржат на 11 декември.
На средбата присуствуваат и Имер Алиу од ДПА, амбасадорот на САД Џес Бејли и претставник на мисијата на ЕУ во отсуство на амбасадорот Аиво Орав.
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам