Македонија
21. December 2015 - 17:07

Продолжува усогласувањето на платите во МВР, во април полицијата со зголемена плата за 5%

5% повисока плата ќе добијат полициските службеници и овластенбите службени лица во Април. Мартовскиот месечен надоместок ќе биде зголемен согласно утврдениот план за усогласување на платите со слични служби како што се царината, финансиската полиција и финансикото разузнавање. Станува збор за второ зголемување на платите кое е планирано да заврши на крајот на 2017 година кога полициските службеници и и овластените службени лица ќе имаат 20 отсто повисока основна плата

Услогласувањето следува по успешниот проецес на преговори со Македонскиот Полициски Синдикат, кое ја признава посебната улога и ризиците на кои се изложени вработените во МВР.  Ефектите од зголемувањето на основната плата ќе го почуствуваат над 10.000 вработени и нивните семејства.