Продолжува состанокот на Комисијата за историски прашања
Продолжува 13. состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија, кој се одржува онлајн. Историчарите разговораат за учебниците за седмо одделение и ликот и делото на Гоце Делчев.
Премиерот Зоран Заев смета дека секој напредок што ќе го направи Комисијата за историски прашања ќе биде исчекор кон решение на проблемот со Софија.
– Секој исчекор што ќе го направи мешовитата македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање решение на проблемот што го имаме со Бугарија. Секоја помош од трета страна е добредојдена, изјави вчера Заев во Тетово.
Премиерот посочи дека не е информиран и не може да каже кога таа е закажана.
– Комисијата е независна, тие го информираат својот ресорен министер, да им посакам само успех. Нека се одржат седниците, нека направат одреден исчекор. За мене како претседател на Влада секогаш е добродојдена експертска помош од третата страна, затоа што сме решавале секаков вид прашања и домашни и билатерални, па дури и меѓународни. Помошта од страна е добредојдена. На крајот, двете страни во Комисијата ја носат одлуката. Некој може да сподели експертиза, искуство, алатки, начини, памет на играта на зборовите каде што може да се најдат секако двете страни. Секој исчекор на Комисијата за историски и образовни прашања ќе биде исчекор кон изнаоѓање на решение на проблемот што го имаме со Бугарија, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на фотонапонска централа во Тетово, Општина Брвеница.
Комисијата претходно се состана кон крајот на февруари, а тогаш Министерство за надворешни работи соопшти дека на 12-та средба не бил постигнат напредок во однос на дискусијата за учебниците по историја, ниту согласност за прашањата поврзани со Средниот век.
Комисијата во 2021 година се очекува да има пет состаноци.
Ново на Сител
-
Како линеарното покачување на пензиите ќе влијае врз ПИОМ?
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-
100 дена Влада - Интеграција во ЕУ и подобрување на животниот стандард
-
Опозицијата за 100 дена Влада: Скандали, изговори и неисполнети ветувања
-
Пензионерите ги добија пензиите зголемени за 2.500 денари
-
Со средба во Прилеп пензионерите од повеќе градови од Македонија го одбележаа покачување на пензиите
-
Бизнисот разочаран, Синдикатот воздржан од 100-те дена нова Влада
-
Бактерија Стафилокока најдена во “бомбиците” кои ги јаделе децата од ОУ “Ѓорѓија Пулевски“