Продолжува потрагата по исчезнатото лице во езерото Глажња
Продолжува потрагата по исчезнатото лице од липковското село Никуштак во езерото Глажња, информираа денеска надлежните. Пет тимови нуркачи ги пребаруваат водите на езерото, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
- Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај „Тигрите“ во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово, изјави Ангелов.
Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека „Тигрите“ имаат искуство во вакви пребарувања.
Вчера и од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“ информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.
Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.
Ново на Сител
-
Сончево со локална облачност, наутро со услови за магла по котлините
-
Состојба на патиштата
-
ОЈО Скопје ќе бара од МВР распишување национална потерница и меѓународна потерница за Груби и Бајрами
-
Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Брисел
-
10 години Брза Кујна | Никола Мишковски и Сања Савеска | ПРОфесија | Sitel Podcast 075
-
Груби недостапен, Судот му одреди 30 дена притвор
-
МВР поднесе кривични пријави против поранешен директор на Градски трговски центар - Скопје и тројца вработени
-
Кривични пријави за Груби, Ковачевски, Прпарим и уште пет лица