Балкан
23. August 2024 - 10:32

Продолжува потрагата по исчезнатите мигранти од превртен чамец на реката Дрина

Потрагата по мигрантите кои исчезнаа при превртувањето на чамец во реката Дрина продолжува и денеска, а досега се пронајдени тела на 10 лица, меѓу кои и едно деветмесечно бебе.

Тие вчера се удавија во реката Дрина кај Братунац.

Трагедијата се случа поради превртување чамец со кој илегално се превезувале мигранти преку граница. Преживеале 18 патници, 16 од Сирија и двајца од Египет, од кои десет се малолетни.