Продолжува кампањата за локалните избори
Политичките партии и кандидатите за градоначалници и денеска ја продолжуваат кампањата за вториот круг од локаните избори закажани за 29 октомври.
Централниот караван на СДСМ и коалицијата е со граѓаните на Кавадарци, Демир Капија, Градско и Росоман. Претседателот на СДСМ Зоран Заев и кандидатот за градоначалник на Кавадарци Бетиане Китев попладнево ќе имаат дебата со граѓаните на Кавадарци. Заев и Китев ќе ги посетат и ќе разговараат со граѓаните од урбаните заедници „Киро Крстев“ и „Слога“ во Кавадарци.
Попладне, во 17 часот, Заев ќе се сретне со жителите од општина Градско, а ќе ја посети и локацијата каде е планирана индустриска зона. Заев ќе се сретне и со граѓаните на Росоман и Демир Капија, каде во 20 часот ќе се одржи митинг.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски попладнево ќе оствари средби со жителите на општина Гази Баба и општина Бутел. Во општина Гази Баба ќе оствари средба со жителите на Стајковци, а потоа со жителите на Хиподром, Автокоманда и Железара.
Во општина Бутел, во 19 часот Груевски ќе се обрати на мини митингот во селото Љубанци.
Кандидатите за градоначалници на Чаир, пак, на БЕСА Зеќирија Ибрахими и на Алијансата на Албанците Чарук Авдиу учествуваа на фудбалски натпревар што се одржа на игралиште на улицата „Џон Кенеди“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Фестивалот за народни песни и инструменти викендов во Прилеп и Долнени
-
Матураните со понизок успех од лани - Просечна оценка 3,25 на државната матура
-
Таравари и Клековски во посета на Клиниката за онкологија - Нови вработувања и отворање на нови амбуланти
-
Советот на јавни обвинители против предлогот на премиерот Мицкоски за распуштање
-
Приватните превозници попладне ќе носат одлука дали од утре воопшто ќе возат
-
Преглед на вестите од светот
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно