Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки
За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки.
Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање и/или посвојување по прогласување на вонредната состојба (18.март 2020 година) има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата. Наведеното отсуство може да се користи сè додека траат времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба.
Ново на Сител
-
Македонија на петто место во Европа по одлив на мозоци
-
Деспотовски поднесе оставка од ТИРЗ, ќе се посвети на политичката кариера
-
Газдите бараат градежните работници да работат и недела и празници, а се жалат дека нема кадар
-
Незадоволство од одлуката на Уставен суд
-
Укинати економските директори во здравството
-
Салите кои беа поплавени во ГОБ 8-ми септември уште не се во функција
-
Преглед на вестите од светот
-
Деспотовски си поднесе оставка