Продолжи расправата во Собранието за разрешувањето на Зврлевски
Во Собранието, вечерва, по истекот на едночасовната пауза на барање на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, продолжи расправата за разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски.
Како и во претходниот дел од денешната седница, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во меѓусебни реплики и контрареплики, оценија дека намерно се форсира оваа расправа во Собранието со цел, како што реакоа, да се дефокусира јавноста од актуелните теми, како задолжувањето, пожарите, стратегијата за бегалци...
Предлогот за разрешување на Зврлевски е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во документот се наведува и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата, како и поради тоа што не поднел барање за покренување кривична постапка за случаи предвидени со закон и нарушување на угледот на функцијата.
Барањето на Владата, за пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е неосновано и неаргументирани. Тие се повикуваат на членот 8 а од Изборниот законик со кој, како што велат, е истакнато дека сите постапки за назначување и разрешување функционери несмеат да се случуваат кога се објавени избори.
Пред објавувањето на едночасовната пауза во Собранието, претседателот на Собранието повика обезбедување како реакција на тоа што, како што рече, пратеник му ја одзел картицата. Обезедувањето беше повлечено, а седницата продОлжи.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден