Македонија
24. јуни 2020 - 10:22

Прободено во грб 12-годишно дете кај Зелено пазарче

Дванаесетгодишен малолетник бил прободен со остар предмет во пределот на грбот, од непознато лице, синоќа на плочник во близина на „Зелен пазар“ во Скопје, соопшти МВР.

Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му биле констатирани повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.