-->
-->
Прободено 22-годишно момче пред споменикот „Филип Втори“ во Скопје
-->
Група непознати лица ноќеска на платото пред споменикот „Филип Втори“ во Скопје нападнале 22-годишно момече прободувајќи го двапати во пределот на градниот кош.
Министерството за внатрешни работи информира дека околу 3 часот по полноќ додека М.Ј. (1993), кој со две лица се движел кон „Стоковна куќа Мост“, бил нападнат од 4-5 лица и со остар предмет, најверојатно нож бил прободен два пати во пределот на градниот кош. Од страна на Итна медицинска помош пренесен е во Градската општа болница за укажување на лекарска помош.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?