Бизнис
22. March 2019 - 19:51

Проблем со пласманот на јагнешко пред Велигден, Министерството преговара за извоз во Турција

Проблем со пласманот на јагнешкото пред Велигден. Дел до сточарите ќе протетсираат во среда. Министерството пак најавува дека нема да се дозволи одгледувачите на овци да работат со загуба.

Велешките сточари денеска најавија дека ќе излезат на протест во среда затоа што цената на јагнешкото е ниска. Во моментов изнесува околу 140 денари за килограм Бараат разликата до производната цена од 185 денари да ја субвенционира државата.

Министертсвто ја следи состојбата со откупната цена. Очекувањата се дека состојбата ќе се подобри во пикот на откупот после 01 април. Николовски денеска во Велес рече дека нема да дозволат сточарите одгледувачи на овци од нивниот производ да прават загуба и решение ќе има.

Од Сојузот на сточарите велат дека се во преговори и за дополнителна субвенција од 40 денари за килограм јагнешко, односно за надоместување на разликата меѓу откупната и производната вена. За таа цел апелираат одгледувачите да го предаваат јагнињата  само кај регистрирани откупувачи.

Проблемот со ниската цена настана заради презаситеност на традиоционалните пазари во Грција и Италија со домашно месо.  Вишок јагнешко има речиси во цела Европа. Министероството пак соопштува дека постојано работи на напоѓање нови пазари.

Течат преговори за добивање на квота за извоз на јагнешко месо на турскиот пазар.