Пробиштип гради улици во Злетово
Општина Пробиштип почна со изградбата на помали улички во Злетово. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски вели дека во моментов се градат помали улички во должина од 1.100 метри.
-Покрај овие улици имаме и улици и од левата страна по течението на Злетовска река и тие ќе бидат опфатени со овој проект. Инвестицијата за реализација на овој проект ја чини општината приближно околу пет милиони денари. Се очекува за два месеци да бидат завршени сите улички во Злетово, по што ќе се префрлиме и на уште неколку улици во селото Пробиштип и во централното градско подрачје на градот Пробиштип, вели Тоневски.
Тој додава дека улиците во селото Пробиштип и во градот Пробиштип се во должина од 2.700 метри. Тендерската постапка за овие улици е целосно завршена, а се очекува овие денови градежните фирми да почнат со работа. Градоначалникот на Пробиштип, Тоневски вели дека во текот на наредните денови очекуваат да добијат и позитивен одговор од Светска банка за донација на околу 50.000 евра и тоа за претходнош што имаат реализирано проекти од инфраструктурата. Овие средства ќе бидат инвестирани во реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ до градинката „Срничка“ во Пробиштип.
Ново на Сител
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат
-
Сиљановска во Полска
-
Загаден воздухот во Охрид
-
Српскиот премиер си поднесе оставка