Привремена евакуација на аеродромот во Лос Анџелес поради апсење
Терминалот на аеродромот во Лос Анџелес привремено е евакуиран, а 18 летови се одложени поради апсење, што доведе до загрозување на безбедноста.
- Некои патници се евакуирани во безбедните делови на аеродромот без премин низ детекторите за метал, додека полицијата пред терминалот апсеше возач на украден автомобил, изјави полицаецот кој е на задача на аеродромот Роб Педригон.
- Полицијата брзо ги врати патниците на терминалот од кој беа евакуирани поради безбедносни причини, додаде тој.
Потоа следеше пребарување со кучиња обучени за пронаоѓање бомби, а дури две илјади патници мораа повторно да минат низ скенерите и детекторите за метал, соопштија аеродромските власти.
Инцидентот завршил со одложување на летови и апсење на 35-годишниот Лари Мек Кени поради кражба на автомобил и поседување дрога.
Ново на Сител
-
За викендот дожд и повремено снег
-
Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со ВИ, соопшти Европол
-
Жена од Гостивар починала во Струга
-
200 кесички марихуана пронајдени кај малолетник од Скопје | ВИДЕО
-
Димитриеска Кочоска: Немав намера да навредам никого
-
Петрова: Континуирано тече исплатата на парите за МојДДВ и за поврат на ДДВ за компаниите
-
Сообраќајка во Струшко, тешко повредени возачите и еден сопатник
-
Прегазен 91-годишен пешак од Куманово