-->
-->
Приведено уште едно лице кое пукаше со пиштол кај Скендербег
-->
На 14.07.2022 од страна на Единица за насилен криминал - Одделение за крвни деликти при СВР Скопје лишен е од слобода Р.А. (29) од Скопје. Тој се сомничи дека на 06.07.2022 околу 19.30 часот на бул. Гоце Делчев во Скопје поточно на плоштад Скендербег, испукал со пиштол.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал извршен е претрес во неговиот дом, пиштолот е одземен, а во координација со Јавен обвинител против Р.А. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "предизвикување општа опасност" предвидено и казниво по чл.288 од Кривичниот законик.
Денеска (15.07.2022) лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка