Македонија
2. October 2022 - 15:19

Приведени момче и девојка кои ограбиле и раниле со нож 26-годишник на кеј

Вчера околу 18,00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишени од слобода се Е.Д.(23) и Џ.И.(22), женско лице, двајцата од Скопје затоа што во 15.56 часот во СВР Скопје Р.Б.(26) од Скопје пријавил дека на кејот на реката Вардар, кај МТВ, му одзеле пари и му нанеле повреда со остар предмет. По извршениот претрес кај пријавените пронајден е нож и пари, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ново на Сител