-->
-->
Приведена земјоделска инспекторка во Прилеп поради примање поткуп
-->
Денеска (18.03.2022) во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп" по член 357 од Кривичниот законик.
Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
-
Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки
-
Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
-
Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници